Connect with us

Шкендија ги стартуваше подготовките за квалификациите во ЛШ

Македонскиот првак Шкендија заврши со одморот за ова лето. Траеше многу кусо, но фудбалерите на Шкендија имаат обврски во квалификациите за Лигата на шампионите кои ќе почнат во текот на Европското првенство. Шјендија е носител во првото квалификациско коло и се очекува да добие релативно полесен противник на стартот, а амбициите на тимот на Ернест Ѓока се да се стигне далеку на европската сцена.

Без капитенот Егзон Бејтулаи кој е дел од репрезентацијата на Македонија, фудбалерите денеска ја имаа првата прозивка. Од утре треба да стартуваат и со тренинзи. Засега, Шкендија доведе две нови имиња во составот кои чекаат за промоција, Сабит Билали од Шкупи и Ангелчо Тимовски од Силекс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови