Шкендија ја совлада Македонија ЃП со 3-1 и ја намали негативата во однос на лидерот Струга ТЛ на два бода. Сепак, стружани утре го играат мечот против Брегалница од ова коло.
Наско Милев во осмата минута донесе водство за Шкендија, а Ералдо Чинари ја удвои предноста во 35.минута.
Македонија ЃП намали со голот на Самир Фазли во 39.минута, а Кристијан Стојковски во 54.минута излезе сам пред Талевски и можеше да израмни. Сепак, голманот на Шкендија успеа да одбрани.
Во 68.минута Флорент Рамадани го потврди триумфот со трет гол за Шкендија.
На овој натпревар, Егзон Бејтулаи го прослави 300.натпревар во дресот на Шкендија, додека Мурати имаше јубилеј број „200“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













