Connect with us

Шкендија е 240. клуб во светот на фудбалот, според ИФФХС

Македонскиот фудбалски првак Шкендија со своите настапи и резултати во европските натпреварувања оствари голем напредок на листата на најдобрите 500 клубови во светот, која ја составува Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Тетовскиот клуб направи значителен скок и сега се наоѓа на 240. позиција на најновото издание на светската клупска ранг-листа. Место на неа доби и уште еден македонски претставник – Вардар, кој со своите резултати во европските квалификации ова лето собра дополнителни поени и се искачи на 448. позиција.

На врвот на светот според ИФФХС се наоѓа Пари Сен Жермен, пред Реал Мадрид, додека третата позиција ја зазеде Интер. Челси падна на четвртото место, а најдобрите десет ги заокружуваат Барселона, Баерн Минхен, Арсенал, бразилскиот Фламенго, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Од клубовите од просторот на поранешна Југославија, највисоко котира Црвена Звезда – на 62. место, потоа следат Динамо Загреб (88), Борац Бања Лука (134) и Олимпија Љубљана (152).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови