Македонскиот претставник Шкендија вечерва (20 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува АИК во реванш меч од третата рунда во Конференциската лига на УЕФА. Ремито од првиот натпревар им дава надеж дека можат да се пласираат во плејоф за групна фаза во ова натпреварување. Како што вели тренерот Артим Шаќири, потребен е триумф и Шкендија е подготвена за тоа.
„Подготвени сме за надигрување и за голема борба. Без разлика колку ќе треба да играме, можеби и да изведуваме пенали, ние сакаме победа и пласман понатаму. АИК е квалитетен тим, но веруваме дека можеме да победиме. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар, мора да има победник и се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“, изјави тренерот Артим Шаќири.
Стрелец од првиот меч, Ферхан Хасани, го пренесе оптимизмот што владее кај фудбалерите.
„Веруваме во успех. Покажавме на првиот меч дека можеме да се надигруваме со АИК. Се надевам дека ќе ја исполниме целта и ќе се пласираме во следната рунда“, истакна Ферхан Хасани.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski