
Македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски кариерата ќе ја продолжи на Кипар, откако денеска го комплетираше трансферот во редовите на Докса.
„Сакаме да го објавиме почетокот на соработката со голманот Дамјан Шишковски. Тој ја почна кариерата во Работнички, а потоа настапуваше во Гент, Лахти и РоПС. Негова последна „станица“ беше Работнички. Шишковски ќе го носи дресот со број 1“, објави Докса на официјалната веб-страница.
Овој клуб беше убедливо последен ланската сезона во кипарскиот шампионат, но се спаси од испаѓање поради одлуката за прекин на сезоната, со која ниту еден тим не се пресели во втората лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal