Connect with us

Шериф Тираспол прави чуда во ЛШ, ама не може да си ги добие парите од УЕФА

Шериф Тираспол е хит приказна на европскиот фудбал, откако молдавскиот претставник изненадувачки влезе во Лигата на шампионите елиминирајќи ги Црвена звезда и Динамо Загреб во квалификациите, а потоа направи огромни изненадувања и во групната фаза. Тимот каде настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов го совлада Шахтјор, а потоа и Реал Мадрид.


Фудбалерите на Шериф така стигнаа до големите пари што УЕФА ги доделува на учесниците во Лигата на шампионите, но, сепак, не можат да ги добијат!

Шериф, чиј годишен буџет е околу 6 милиони евра, не може да добие над 20 милиони евра поради специфичната политичка ситуација. Тираспол е во Придњестровљ (како што го нарекуваат Русите) или Приднестровје (како што го нарекуваат Романците и Молдавците), дел од Молдавија која е де факто независна држава.

Оваа „парадржава“ функионира уште од распадот на Советскиот Сојуз, а во неа е сместен и Шериф, фудбалски клуб кој е во рацете на Виктор Гушан, поранешен главен „играч“ на КГБ.

ФК Шериф е само дел од огромната корпорација управувана од Гушан, но тој не може да ги добие паричните награди од Лигата на шампионите бидејќи молдавските банки не работат со девизи.

Првиот човек на Придњестровје, Вадим Красноселски, испратил барање до премиерката на Молдавија, Наталија Гаврилита и побарал од неа да го реши проблемот. Сепак, Шериф не добил посебна сметка на која може да ги добие милионите евра што ги заслужи.

Во Приднестровје постои централна банка која издава сопствена валута – приднестровска рубља, но проблемот е што никој не ја признава таа банка. Затоа, УЕФА не сака да ги исплати парите во таа банка.

И уште една причина зошто УЕФА не сака да соработува со молдавските банки е тоа што тие се под строг надзор, бидејќи во 2014 година милијарда евра „исчезнаа“ од нив.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови