
Играчот од средниот ред на Кристал Палас, Шеик Дукуре, е новиот дефанзивен играч за врска кој е цел на Ливерпул е цел откако Челси ја доби битката за нивните претходни две големи желби, Моисес Каиседо и Ромео Лавија.
Се очекува лондончани да бараат за 23-годишниот фудбалер околу 60 милиони фунти. Толку „црвените“ беа подготвени да платат и за Лавија пред Белгиецот да одлучи дека го претпочита Челси, исто како и Каиседо.
Кристал Палас минатото лето го ангажираше Дукуре од Ленс за 18 милиони фунти. Во неговата прва сезона на „Селхурст Парк“, тој стана клучен играч во тимот.
Кристал Палас веќе се раздели со Вилфред Заха, а Челси ја активираше отштетната клаузула на Мајкл Олисе. Тотенхем е заинтересиран за Еберечи Езе. Ова може да ги отежни преговорите на Ливерпул со Кристал Палас, бидејќи лондончани најверојатно нема да сакаат да загубат уште еден важен играч.
Жоао Палиња од Фулам е другиот дефанзивен играч за врска во Премиер – лигата кој се поврзува со Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
