
Полскиот голман Војчех Шчесни се врати од пензија и од денеска и официјално е нов член на Барселона, потврди каталонскиот гигант. Тој потпиша договор до крајот на сезоната и треба да биде замена за повредениот Марк-Андре тер Штеген.
Шчесни вчера ги мина медицинските прегледи, го следеше од трибините мечот на Барселона против Јанг Бојс, а денеска и официјално е претставен како ново засилување.
Тер Штеген ќе ја пропушти целата сезона, а Шчесни најверојатно треба да биде првиот избор на тренерот Ханси Флик, откако ќе влезе во тренажен ритам со екипата.
🧤 ¡𝐄𝐥 𝐅𝐂 𝐁𝐚𝐫𝐜𝐞𝐥𝐨𝐧𝐚 𝐢𝐧𝐜𝐨𝐫𝐩𝐨𝐫𝐚 𝐚 𝐖𝐨𝐣𝐜𝐢𝐞𝐜𝐡 𝐒𝐳𝐜𝐳𝐞̨𝐬𝐧𝐲!
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 2, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski