
Престојот на Томас Тухел во Баерн Минхен повторно е на дневен ред, објавија повеќе германските медиуми „Билд“ и „Абенд Цајтунг“.
Иако клубот во февруари официјално објави дека ќе се раздели со тренерот на крајот од сезоната, тоа веќе не е сигурно и се зголемуваат шансите стратегот да остане. Добрите натпревари на Баварците против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите го засилија мислењето кај дел од челниците на германскиот гигант дека под негово водство тимот може да достигне врвен учинок.
Според информациите, Надзорниот одбор на Баерн ќе има состанок во понеделник за да донесе одлука, но останувањето на Тухел е дефинитивно сериозна опција. И самиот тренер не е против да ја продолжи соработката со клубот.
Неуспехот да се најде нов тренер и одбивањата на Чаби Алонсо, Џулијан Нагелсман и Ралф Рангник се исто така клучни фактори. И покрај претходните извештаи, Ханси Флик очигледно нема да се врати во клубот, а кај раководството на Баерн сè уште опција е и менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, за кого, сепак, ќе треба да се плати отштета.
Голем број играчи на Баерн отворено зборуваа во корист на Тухел и изразија желба тој да остане. Според информациите, станува збор за икони на клубот како Мануел Нојер и Томас Милер, и големи ѕвезди како Хари Кејн, Лирој Сане и Џамал Мусијала. Фудбалерите тврдат дека иако не било сѐ добро во текот на сезоната, од тренерот научиле многу, а покрај тоа, меѓу играчите доста популарни се и асистентите на Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
