Македонскиот првак Шкупи доживеа елиминација од Лигата на Европа откако загуби од Шамрок Роверс со 1-2 на реваншот во Скопје. Тимот на Гоце Седлоски ќе игра во плејофот за групите во Конференциската лига на УЕФА, а ривал ќе му биде косовскиот Балкани или Клаксвик од Фарски Острови.
Шкупи посакуваше триумф, најавуваше офанзивна игра, но не успеа тоа да го претстави и на теренот на арената „Тодор Проески“.
Шамрок имаше подобри шанси, голманот Кристијан Наумовски спасуваше во првото полувреме, Фаустин Сенгор спаси сигруен гол, но, сепак, во вториот дел Шкупи потклекна.
Шамрок дојде во водство во 65.минута со голот на Рори Гафни. Тој шутираше од 25 метри и го совлада Наумовски.
Во завршницата, Шамрок постигна и втор гол во 85.минута преку Аидомо Емаку.
Сандеј Адетунџи пред самиот крај постигна гол за конечни 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













