Connect with us

Шампионска парада на Сити: Гвардиола со пура, Грилиш – камен пијан (ВИДЕО)

Новиот европски шампион Манчестер Сити вечерва ја споделува радоста со своите фанови во градот. Избраниците на Пеп Гвардиола по бурната ноќ во Истанбул одлетаа за Ибица, каде имаа приватна прослава на големиот успех, а сега имаат дефиле и низ улиците на Манчестер.

Дождливото време малку ја подрасипа забавата, но, сепак, Пеп Гвардиола се појави со пура, Ерлинг Халанд го поливаше Џек Грилиш со алкохол, а тој секако – е камен пијан! Не е отрезнет откако заврши финалето против Интер.

Грилиш му пееше на Бернардо Силва, за да остане во Сити и следната сезона. Забавата, секако, не изостана…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови