Шалке 04 го отпушти тренерот Франк Крамер, потврдија од германскиот клуб. Тоа се случи само еден ден откако „сините“ загубија со 5-1 на гостувањето кај Хофенхајм во второто коло од Купот.
„Му благодариме за неговиот професионализам и посветеност. Му посакуваме се најдобро. Остваривме промоција минатата сезона, а сега главна цел ни е да ја задржиме позицијата во Бундес – лигата. Досега верувавме дека работите можат да се променат, но јасно е дека стигнавме до пресвртна точка“, се вели во соопштението на Шалке 04.
Крамер беше на чело на тимот од Гелзенкирхен само четири месеци. тимот во моментов се наоѓа на 17. место во германското првенство, по шест порази во десет натпревари.
Фаворит за нов тренер на Шалке 04 е Томас Реис, кој го води Бохум во периодот 2019 и 2022 година.
Der #S04 stellt Chef-Trainer Frank Kramer mit sofortiger Wirkung frei.
— FC Schalke 04 (@s04) October 19, 2022
Wir bedanken uns bei ihm für seine professionelle und engagierte Arbeit. Für seine private wie auch berufliche Zukunft wünschen wir ihm alles Gute.
Zur Pressemitteilung ⬇️
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal