
Сонот на Косово за пласман на ЕП се распадна во Скопје. Селекторот Бернард Шаландес вели дека среќата им го свртела грбот на неговите фудбалери, посебно со шансата за израмнување во судиското продолжение.
„Тежок натпревар, одигравме многу добро прво полувреме, немавме среќа, особено за првиот гол, но тоа е фудбалот. За првиот гол на Македонија не бевме на ниво во одбраната, тоа беше добар шут, а во фудбалот се прават такви грешки. За вториот дел немам што да коментирам. Не бевме на потребното ниво, моравме да ризикуваме напред и тоа беше шанса за Македонија во контранапади да си ја бара шансата. Се обидовме да постигнеме гол до крајот, направивме некои замени и ја загубивме организацијата на играта. Баравме шанса за израмнување, имавме само една голема шанса на крајот, но не успеавме“, изјави косовскиот селектор, честитајќи и го на Македонија пласманот во финалето на плејофот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
