
Шкендија има згуснат распоред во Првата лига откако претходно имаше европско лето, но фудбалерите на Артим Шаќири ќе мора да одговорат резултатски и да освојуваат бодови.
Еден од најдобрите играчи на тетовскиот тим, Аденис Шала, верува дека Шкендија може да стигне до триумф во Струмица.
„Првите мечеви сезонава се потешки бидејќи од овие натпревари мора да соберете што повеќе бодови. И покрај заморот од набиениот распоред, во Струмица патуваме со висока мотивација и со единствена цел да ги освоиме трите бода. Академија Пандев лани докажа дека е силен противник, но верувам дека ако го дадеме максимумот на секој дел од теренот, резултатот нема да изостане и со победа ќе се вратиме од Струмица“, вели Аденис Шала.
Струга Трим Лум ќе бара трета победа во шампионатот на денешниот меч на домашен терен против Работнички, а Брегалница му гостува на Тиквеш во Кавадарци.
Во Кратово, Силекс ќе ги одмери силите со ФК Скопје.
Вчера, Македонија ЃП ја совлада Победа со 4-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО (денеска 17 часот)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
