Шкендија утревечер (20 часот) го игра реванш натпреварот против АИК Стокхолм во третата рунда од Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Артим Шаќири верува во својот тим и очекува еден поинаков дуел од првата пресметка во Шведска.
„Утре се ќе биде поинаку. Мора да има победник, дали во регуларниот тек или после продолженија, пенали. Ние размислуваме единствено за тоа како да победиме. Добро го познавам и противникот, ги анализиравме и верувам дека тимот ќе одигра како што сите посакуваме“, изјави Артим Шаќири.
Првиот меч во Шведска заврши 1-1.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement