
Шкендија обезбеди предност од два гола (2-0) против Арарат по првиот меч од воведната рунда во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Стрелци на головите беа Аденис Шала и Валмир Нафиу.
Тренерот Артим Шаќири е задоволен од триумфот без примен гол.
„Имаме одличен резултат пред реваншот, два гола позитива. Добро е што не примивме и гол, иако тие имаа две шанси. Ќе треба да подобриме некои сегменти во играта, но во глобала сум задоволен од нашето издание. Сега имаме доволно време да се подготвиме и за реваншот во Ереван“, изјави Артим Шаќири.
Шефот на стручниот штаб на Арарат, Арам Восканјан, не е задоволен од резултатот.
„Имавме три убави шанси да постигнеме барем еден гол во првиот дел. Не успеавме и тоа е клучот. Имаме негатива, но се уште имаме шанси за пласман понатаму. Се ќе се решава на реваншот во Ереван“, изјави Восканјан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
