
Против Валмеира, Шкендија утре во Рига ќе го одигра првиот дуел од двомечот од 2.квалификациско коло во УЕФА конференциската лига. Во тетовскиот состав владее оптимизам да повлен исход на гостувањето кој би обезбедил добра позиција пред реваншот на домашен терен.
„Ова е многу важен натпревар за нас. Тимот на Валмиера е можеби непознат противник, но добро ги анализиравме. Ќе дадеме се од себе да извлечеме максимум и да извлечеме позитивен резултат, бидејќи овие натпревари се квалификациски и имаат своја вредност. Тимот сигурно ќе го даде максимумот и ќе ги извршува задачите дадени од стручниот штаб“ изјави на официјалната прес конференција тренерот на Шкендија Артим Шаќири.
На поволен исход се надева и капитенот Ферхан Хасани.
„Утрешниот натпревар ќе биде сосема поинаков од првото коло. Ако го одиграме натпреварот што го одигравме на последните два натпревари против Арарат, верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Во наша корист е првиот меч да се игра овде во Летонија, бидејќи во реваншот ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Заедно со навивачите верувам дека ќе обезбедиме пласман во следната рунда. Целиот тим е мотивиран за утрешниот натпревар и со максимално залагање од сите се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат и потоа ќе го чекаме реваншот во Скопје“ – вели Хасани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Белгијците очекувано го декласираа Лихтенштајн

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
