
Капитенот на Струга Трим Лум, Буњамин Шабани, изјави дека неговиот тим е целосно подготвен за утрешната четвртфинална пресметка против Гостивар во Купот на Македонија, без разлика на лошиот старт на тимот и двата порази на почетокот од пролетниот дел на сезоната.
Во првото пролетно коло, Струга ТЛ загуби минимално од Гостивар со 1-0 во Скопје, но Шабани вели дека утре очекува сосема поинаков натпревар.
„Нѐ очекува многу важен натпревар, во кој влегуваме по лошите резултати на стартот од пролетта. Сепак, тоа е веќе минато и треба да ги заборавиме тие мечеви што побрзо и да се мобилизираме за утрешниот натпревар против Гостивар. Верувам дека ќе дадеме максимум на овој натпревар за да ја постигнеме нашата цел. Играме против многу квалитетен тим, имаме респект за Гостивар, но победата ни е потребна за да ја вратиме самодовербата и за првенството“, вели Буњамин Шабани.
„Верувам дека имаме квалитет да дојдеме до победата. Многу ни е важно да го поминеме Гостивар во оваа фаза, а потоа ќе размислуваме за финалната фаза на Купот, но и за првенството, каде што не сме го кажале последниот збор“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
