
Подготвителниот период заврши, а на пролетниот старт Струга Трим Лум гостува во Тетово кај актуелниот првак Шкендија. Фудбалерот за врска Буњамин Шабани ја распектира Шкендија, но вели дека и стружани имаат свои планови за пролетниот старт.
„Знаеме дека Шкендија во овој преоден рок значително се засили, но сепак и ние како екипа си правиме наши калкулации. Во Тетово ќе одиме да го дадеме најдоброто. Во овој период навистина ни недостасуваа официјални натпревари, а токму против Шкендија, но и на другите пролетни натпревари ќе излезе на виделина резултатот од подготовките направени оваа зима“, вели Буњамин Шабани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
