Шампионот Струга Трим Лум неочекувано „киксна“ на домашен терен во минатото коло играјќи 2-2 против Брегалница, па сега има само бод предност во однос на Шкупи во трката за титулата. Од таа гледна точка, стружани дефинитивно немаат друг избор освен да атакуваат на три бода на денешниот меч против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Капитенот Буњамин Шабани вели дека секој меч за стружани до крајот ќе биде финале, а само со максимален ефект можат да си ја гарантираат титулата.
„Ние сме во фаза од шампионатот, кога секој натпревар, секој бод е многу важен за нас како тим. Не ни е дозволено повеќе да грешиме, па мораме да влеземе на денешниот натпревар со голема концентрација, но и мотивација да ги освоиме трите бода. Иако моментно се на последната позиција, ја респектираме екипата на Македонија ЃП. За нас секој натпревар е финале, а на сите ќе се бориме да дојдеме до максимален број бодови, бидејќи само така можеме да се надеваме на титулата“, изјави капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани, кој ова сезона одигра 26 натпревари, постигна три гола и забележа три асистенции.
Шкупи го очекува непријатно гостување кај Силекс во Кратово, додека Шкендија му гостува на Тиквеш во Кавадарци.
Вардар ја пречекува Воска Спорт на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, додека Гостивар е домаќин на Брера.
Вчера, Работнички оствари триумф (0-1) на гости во Штип против Брегалница.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО (денеска, 16 часот)
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – БРЕРА
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













