
Струга Трим Лум по две кола има максимални шест бода и сака да ја продолжи серијата и на денешниот меч против Работнички. Од друга страна, „романтичарите“ забележаа два порази, па сега секој бод им е од големо значење.
Искусниот играч за врска Буњамин Шабани вели дека очекува тежок натпревар, но посакува нови три бода.
„Иако Работнички не ја започна добро новата сезона, тоа не треба да не лаже, бидејќи можам да кажам дека Работнички има неколку добри играчи во својот состав, па не очекува тежок натпревар. Како тим сме максимално подготвени за овој натпревар, ветувајќи им на сите наши навивачи дека ќе го дадеме максимумот на теренот за да дојдеме до нова победа и заедно да славиме на крајот“, истакнува Буњамин Шабани.
Академија Пандев ја пречекува Шкендија, додека Тиквеш е домаќин на Брегалница. Во Кратово, Силекс ќе ги одмери силите со ФК Скопје.
Вчера, Македонија ЃП ја совлада Победа со 4-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО (денеска 17 часот)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
