
Фудбалскиот клуб Севилја исфрли навивач од својот стадион и поднесе полициска пријава откако тој наводно покажал „ксенофобично и расистичко однесување“ за време на натпреварот против Реал Мадрид во Ла Лига.
Во соопштението Севиља не прецизира за какво однесување станува збор, ниту пак кој бил цел на нападот.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, во неколку наврати беше цел на расистички напади од страна на противничките навивачи.
Соопштението на Севилја беше објавено набргу по крајот на натпреварот со Реал (1-1).
Севилја истакна дека „го осудува секое ксенофобично и расистичко однесување, дури и изолиран случај како овој, и ја изразува својата подготвеност да соработува со властите за да се искоренат овие ставови“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
