Connect with us

Севилја и Реал Сосиедад во трка за Пабло Сарабија

Шпанските прволигаши Севилја и Реал Сосиедад се во трка за ангажман на офанзивецот на Пари Сен Жермен, Пабло Сарабија. Тој е еден од фудбалерите кој се наоѓа на трансфер – листа, со оглед дека ПСЖ мора да продава откако доведе неколку огромни засилувања ова лето. Иако поголемиот дел дојдоа како слободни агенти, сепак, имаат преголеми плати што секако го оптоварува клупскиот буџет.

Севилја сака да го врати Пабло Сарабија кој беше дел од клубот во периодот од 2016 до 2019 година. Во тој период постигна 26 гола на 101 натпревар за тимот од Андалузија.

Реал Сосиедад исто така е заинтересиран за Пабло Сарабија. ПСЖ очекува отштета од околу 20 милиони евра за крилниот напаѓач.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови