Connect with us

Сестрата на Роналдо: Кристијано е на колена, а Португалците се бездушни и неблагодарни луѓе

„Португалците се болни, бездушни и неблагодарни луѓе“ кои не го ценат она што Кристијано Роналдо го направи и продолжува да го прави за својата земја. Ова во луто обраќање го изјави сестрата на асот на Манчестер Јунајтед, Катја Авеиро на својот Инстаграм профил.

Повод за нејзината остра изјава беа повиците на медиумите и навивачите Роналдо да биде изоставен од составот за решавачкиот натпревар од Лигата на нации против Шпанија.


По мечот кој Португалците го загубија на самиот крај и со тоа пропуштија да играат во финалето следната година, овие чувства уште повеќе се засилија и некои изразија мислење дека Роналдо повеќе не треба да добива повик.

Катја Авеиро изјави дека не е изненадена од однесувањето на нејзините сонародници, но нагласи дека Кристијано останува најдобриот играч на светот и кога е на колена, треба да му се пружи рака.

„Тој го има семејството на негова страна и оние кои го сакаат. Тие секогаш ќе бидат тука за него што и да се случи. Но, ова што се случува сега воопшто не ме изненадува. Португалците се навикнати да плукаат по чинијата од која јадат. Отсекогаш било така. Па кога некој ќе се издигне од пепелта и ќе смени менталитет, тоа попречува…Секогаш ќе бидеме со тебе кралу мој. Можеш да бидеш мирен.

Треба да им подадеме рака на оние кои секогаш давале се за Португалија. Португалците сепак се болни, ситничави, бездушни и вечно неблагодарни. Овој човек е на колена и нема кој да му подаде рака. Ова е сурово. А тој секогаш даваше толку многу и продолжува да дава. Овој човек се вика Кристијано Роналдо и едноставно е најдобриот играч на светот“, напиша Авеиро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови