
Верувале или не, Деклан Рајс во животот досега нема испиено ниту едно пиво. Се зарече дека тоа ќе го направи доколку Англија вечерва ја освои титулата на Европското првенство.
„Се сеќавам дека на претходното Европско првенство се зареков да испијам првото пиво, ако победиме. Но, загубивме од Италија. Оттогаш сум пиел неколкупати, но само разредено пиво со лимонада. Ако сега ја освоиме титулата, ќе го затнам носот, за да не ја чувствувам ужасната миризба, и ќе го испијам првото вистинско пиво“, се зарече играчот за врска на Арсенал.
На Островот, пак, се подготвуваат за голема забава, ако тимот ја освои првата европска титула. Според бизнис аналитичарите, приходите во трговскиот, ресторанскиот и хотелскиот сектор може да скокнат со импресивни 800 милиони фунти. За да можат навивачите да уживаат во натпреварот и да трошат пари, пабовите ќе работат со продолжено работно време – до 1 часот по полноќ. Најголемиот дел од Англичаните, не се како Деклан Рајс и обожуваат да пијат пиво.
Очекувањата се дека само во недела ќе се потроши алкохол во вредност од 120 милиони фунти, а пабовите се подготвуваат да продадат 10 милиони пива повеќе од вообичаено.
Во една од најголемите синџири супермаркети на Островот, пак, мислат и на оние кои ќе останат дома. Прелиминарните истражувања предвидуваат дека ќе бидат продадени над 4 милиони лименки пиво, 2,5 милиони шишиња вино и близу 80,000 пакувања колбаси. Популарен синџир за пици објави дека ќе подготвува по 20 до 25 пици во секунда, за да ги задоволи потребите на заинтересираните.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
