Горан Пандев е вистинска легенда на Серија А, две децении безмалку игра во Калчото, освои буквално се од трофеи, а лигата му посвети внимание на официјалниот Твитер профил.
Пандев има прекрасна колекција на трофеи освоени во Италија. Беше шампион со Интер, освои пет пехари од Купот на Италија и тоа со три различни екипи, а двапати се радуваше на трофејот и во Суперкупот на Италија. Се разбира, најплодна е 2010 година кога со Интер освои тројна круна, шампионатот на Италија, како и ЛШ и Светското клупско првенство.
Конечно, Горан Пандев се израдува и на успех со фудбалската репрезентација на Македонија. Тој постигна победничкиот гол во финалниот плејоф дуел од Лигата на нации против Грузија (0-1) со кој Македонија се пласира на Европското првенство. за Пандев тоа ќе биде фантастичен крај на неверојатната кариера. Македонија е во група на ЕП со Австрија, Украина и со Холандија.
Ha vinto tutto e sempre da protagonista! ?⚡️#SerieATIM #WeAreCalcio pic.twitter.com/CAbDKr4NyT
— Lega Serie A (@SerieA) November 24, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski