
Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико ја даде првата изјава во јавноста по страшната несреќа што ја доживеа на 28 мај кога падна од коњ и беше удрен во глава од животното, поради што имаше голема повреда на мозокот.
Шпанскиот голман се заблагодари за покажаното сочувство и потврди дека неговата состојба се подобрува со секој изминат ден.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми ја покажаа и ми ја испратија својата љубов во овие тешки денови. Сè уште работам на моето опоравување кое секој ден е сѐ подобро. Се чувствувам многу среќен. Уште еднаш, ви благодарам на сите и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша Рико во својот коментар на Инстаграм.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
