
Шпанскиот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите со тимот.
Тој може да започне да тренира на крајот на април – речиси една година откако беше сериозно повреден при пад на јавање коњ и беше во индуцирана кома во болница.
На 28 мај 2023 година, медиумите објавија дека Рико бил хоспитализиран во критична состојба. Голманот се здоби со повреда на главата откако падна од коњ и беше ставен во медицински предизвикана кома.
На 19 јуни сопругата на фудбалерот Алба Силва објави дека тој излегол од кома.
30-годишниот Рико нема ниту еден официјален натпревар во сезоната 2022/23. Во својата кариера голманот настапуваше и за екипите на Севилја, Мајорка и за Фулам.
Со ПСЖ двапати стана шампион на Франција и освојувач на националниот Куп, еднаш го освои Суперкупот на Франција и Лига – купот на Франција. Со Севилја, Шпанецот двапати ја освои Лигата на Европа. Рико има еден натпревар за шпанската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
