
Една од ѕвездите на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, ја прифати понудата на саудискиот клуб Ал-Хилал, пишува „Ла Република“. Играчот за врска постигнал договор, според кој неговата годишна плата ќе биде во висина од 20 милиони евра.
Досегашниот клуб на српскиот интернационалец ќе добие 40 милиони евра, што е добредојдено за Лацио со оглед на фактот дека на играчот му останува само уште една година од договорот.
Вчера претседателот Клаудио Лотито во интервју за „Газета дело Спорт“ изјави дека римјаните немаат потреба да го продадат 28-годишниот фудбалер, но нема да го спречат доколку реши да си замине ова лето.
Милинковиќ-Савиќ на „Олимпико“ игра од 2015 година, а за тоа време има акумулирано 341 меч за Лацио, на кои има постигнато 69 гола и 59 асистенции. Тој беше силно поврзуван со трансфер во Јувентус, но сепак најверојатно ќе замине во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
