Connect with us

Сензација во најава: Меси се враќа во Европа и ќе игра за Галатасарај во ЛШ?

Раководството на Галатасарај работи на сензационален трансфер на Лионел Меси. Според „ФотоМач“, великанот од Истанбул планира да го доведе Аргентинецот на позајмица во траење од четири месеци. Сезоната во МЛС лигата завршува на почетокот на декември и се обновува во март.
Меси, сепак, претпочита да игра во тој период за да ја задржи најдобрата можна форма пред Светското првенство следното лето.

Неодамна, Абдула Хамад, генерален директор на академијата „Махд“ за развој на таленти и влијателна фигура во саудискиот фудбал, откри дека од тимот на Меси стапил во контакт со локалните функционери со цел да ја понудат ѕвездата на позајмица во некој од богатите клубови во Саудиска Арабија, за да ја одржи формата во тој период. Сепак, самиот министер за спорт го одбил тоа барање.
Сега, меѓутоа, пред Меси се отвора нова слична можност.

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ неодамна потпиша нов тригодишен договор со Интер Мајами и заработува околу 20 милиони долари годишно. Галатасарај е подготвен да ја исплати целата негова плата за периодот додека би настапувал како позајмен играч. Клубот веќе покажа сериозна финансиска моќ со тоа што го донесе Виктор Осимен за рекордни 75 милиони евра, најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал. Напаѓачот заработува 15 милиони евра по сезона.

Лирој Сане и Илкај Гундоган исто така се дел од скапата селекција на Галатасарај.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови