
Третолигашот Шкендија Арачиново го приреди најголемото изненадување во 1/16-финалето на Купот на Македонија, откако го елиминираше Работнички. Шкендија Арачиново славеше со 2-0 и се пласира во осминафиналето. Ова е прв пораз за Работнички од почетокот на сезоната.
Љупчо Трпески во шестата минута донесе предност за Шкендија Арачиново. Во вториот дел, Горан Станиќ, ги уфрли во игра речиси сите адути, убава шанса за израмнување имаше Ермедин Адем, но одбраната на домаќинот спаси на гол-линијата. Во 86.минута, Шкендија Арачиново постигна втор гол преку Алији и го реши победникот.
Вардар го елиминира Новаци откако победи на гости со 0-2. Азер Омерагиќ беше стрелец на првиот гол во 21.минута, а триумфот го потврди Данел Донгмо во 82.минута.
Шкендија со 0-5 го победи нисколигашот Јени Маале. Коцев постигна гол од половина терен, а погодија и Латифи, Крстевски, Бамба и Шефити.
Струга Трим Лум со 1-6 ја победи Слога Виница. Двоен стрелец беше Такахара, а погодија и Компаоре, Таири, Камбери и Радески.
Брера со 0-4 славеше кај Вардар Неготино, а Шкупи беше убедлив (0-8) против Џепчиште. Брегалница со 0-6 го победи нисколигашот Слободен.
Силекс беше подобар од Карбинци и триумфираше со 1-4. Стрелци на головите за кратовци беа Јашароски, Рајлов, Додев и Донов.
Пелистер со 0-1 победи на гости вторилигашот ФК Скопје, со голот на Вилдан Керим во 73.минута.
Беса го победи Охрид на гости со 1-5, а Детонит Плачковица го елиминира Борец во Велес (0-1). Арсими на гости го победи Кожуф со 1-2.
Уште три натпревари од 1/16 – финалето на Купот ќе се одиграат на 2. октомври, а актуелниот освојувач на трофејот Тиквеш директно се пласира во осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
