Манчестер Сити на сите можни начини бара излез од резултатската криза, а сензационална вест доаѓа од Островот дека Пеп Гвардиола можеби ќе побара помош од својот најдобар ученик во кариерата, Лионел Меси. Тој во моментот е слободен, со оглед дека со Интер Мајами рано ја заврши сезоната и би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити.
Меси веќе одлучи дел од одморот да го помине со своето семејство во Аргентина, а се очекува да помине време и во Барселона.
Но, најдобриот играч на сите времиња повторно е во центарот на вниманието поради шпекулациите за негов сензационален повраток во Европа. Постои можност Меси уште од јануари да се врати на најголемата сцена.
Медиумите во Англија почнаа да шпекулираат дека Меси би можел да се приклучи на Манчестер Сити како позајмен играч. Ова дојде откако Пеп Гвардиола јавно изјави дека му е потребен играч со вистинска визија на теренот, кој знае што да направи со топката во секој момент.
With Inter Miami's season being officially over, how about a short-term loan move for Lionel Messi? 👀
— ManCityzens (@ManCityzenscom) December 2, 2024
Guardiola has mentioned we're lacking control and vision in the middle of the park and Messi has still been assisting for fun for both Miami and Argentina.
Thoughts? 🇦🇷 pic.twitter.com/glpCszjVi8
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski