
Фудбалската репрезентација на Сенегал мораше за еден ден да го одложи патувањето во Камерун на Африканскиот куп на нации, бидејќи уште тројца играчи и шестмина членови на тимот се заразени со коронавирусот.
Фудбалската федерација на Сенегал соопшти дека Папе Сар, Нампалис Менди и Маме Тиам се заразени. Тие и уште шест членови на тимот добија позитивни тестови во вторникот, денот кога тимот требаше да отпатува за Камерун.
Селекцијата треба да патува на турнирот денеска. Не се наведува дали заразените ќе патуваат или ќе останат во изолација во Дакар.
Африканскиот куп на нации започнува в недела, а Сенегал предводен од Садио Мане и Едуард Менди е еден од фаворитите на турнирот.
Селекциите на Гамбија и Брегот на Слоновата Коска мораа да ги откажат подготвителните натпревари пред почетокот на турнирот поради коронавирусот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal