Англискиот премиерлигаш Барнли планира да го анажира Сем Алардајс за нов менаџер по разделбата со Шон Дајш. Тој цели десет години беше на кормилото на тимот, а отказот одекна шокантно на Островот. Но, сега Барнли сака да постави еден од најискусните стратези на клупата и се надева дека до крајот на шампионатот ќе успее да обезбеди опстанок во елитата.
Тренерот на тимот на Барнли до 23 години, Мајк Џексон, и капитенот Бен Ме привремено го презедоа тимот за денешното гостување кај Вест Хем. Но, веќе на почетокот на идната седмица треба да се знае дали Сем Алардајс ќе седне на клупата на Барнли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













