
Шкендија нема друг избор освен да атакува на победа на денешниот дуел против Брегалница во Тетово, доколку сака да остане во трката за шампионската титула.
Но, и за штипјани бодовите се неопходни во битката за опстанок во елитата.
Ремзифаик Селмани денеска во дресот на Брегалница се враќа во Тетово.
„Кога играш пред публиката во твојот роден град мотивацијата секако е на највисоко ниво. Тоа е мој стадион, мој град кај што поминав поголем дел од мојата кариера. Атмосферата во тимот е одлична, сите сме подготвени и се надеваме на позитивен резултат од гостувањето во Тетово“, изјави Ремзифаик Селмани, крилниот напаѓач на Брегалница.
Струга ТЛ на домашен терен ја пречекува Воска, а интересно ќе биде и на дуелот на стадионот „Кукуш“ во Турново, каде Брера се среќава со Работнички.
Гостивар на домашен терен ќе игра против тимот на Македонија ЃП.
Вчера, Шкупи го победи Вардар со 3-0, а Тиквеш и Силекс ремизираа 1-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО (денеска, 15 часот)
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – ВОСКА
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Избувна пожар во домот на Винисиус Жуниор
