
Фудбалската репрезентација на Полска вечерва гостува кај аутсајдерот Сан Марино, а интересен коментар даде селекторот на оваа селекција, Франко Варел. Тврди дека никој нема да го чува Роберт Левандовски, затоа што тоа едноставно не е можно.
Најголемата опасност за голот на Сан Марино доаѓа од напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, а селекторот на оваа селекција има интересен став.
„Левандовски? Тоа не е човек, тоа е цел тим. Полска е Роберт Левандовски”, рече Франко Варел. „Нема да имаме дополнителен “фластер“ за Левандовски. Знаете ли зошто? Ако треба да назначиме некој што ќе го чува, тогаш тоа ќе мора да биде целиот мој тим, а потоа не можевме ниту да го играме овој натпревар. Нема начин да се запре тој човек, едноставно е невозможно “, истакна селекторот на Сан Марино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
