
Селекторот на Чиле, Едуардо Берисо, поднесе оставка од функцијата. 54-годишниот Аргентинец го соопшти ова на прес-конференцијата по ремито 0-0 со Парагвај во квалификациите за СП 2026.
По пет натпревари, Чиле е на осмото место на табелата со пет бода.
Берисо ја презеде репрезентацијата на крајот на мај 2022 година. Под негово водство тимот одигра 16 натпревари, на кои постигна само четири победи.
Стратегот рече дека се надева дека неговата оставка ќе ја намали тензијата околу тимот.
„Резултатите не се онакви какви што очекувавме. Сакам да им се заблагодарам на сите што работеа со мене. Мислам дека тимот се уште има шанси да се квалификува. Се надевам дека ситуацијата ќе се подобри и Чиле ќе се пласира на Светското првенство“, изјави Берисо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
