Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, го пофали Франсиско Консеисао за голот со кој им донесе победа на „морепловците“ против Чешка.
Консеисао постигна гол за 2-1 во 92.минута и им ги донесе првите три бода на Португалците на ЕВРО 2024.
Лукаш Провод го отвори резултатот во корист на чешкиот тим, но Робин Хранач си постигна автогол со кој резултатот беше израмнет, а Консеисао кој влезе од клупата, ја реши средбата во Лајпциг.
„Франсиско е најдобриот пример за тоа како се победува. Тој заслужува да биде тука и покажа дека е подготвен да му помогне на тимот“, изјави Мартинез по крајот на натпреварот.
„Франсиско го прави истото што го правеше последните четири месеци во клубот. Тоа не е лесно. Тој покажа карактер и покажа дека заслужува да биде дел од националниот тим“, додаде селекторот на Португалија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













