Норвешкиот фудбал го тресе голем секс – скандал. Фудбалерите на норвешкиот прволигаш Бран од Берген одлучија со голема афера да ги пречекаат своите нови соиграчи.
По потпишувањето на договорот со новите фудбалери и гала вечерата каде што испиле некоја чаша повеќе, група од 12 фудбалери се упатила кон тревникот на стадионот на Бран, а им се придружиле четворица убави девојки.
Наводно имало оргии на тревникот, неколку фудбалери имале секс со девојките, а некои трчале голи по теренот. Тие однапред се договориле дека сите ќе ги исклучат мобилните телефони, така што никој нема да биде во искушение да го сними скандалот. Сепак, очигледно заборавиле на ноќниот видео надзор на самиот стадион.
Норвешките медиуми известува дека фудбалерите и девојките пристигнале на теренот помеѓу 00:30 и 1 часот по полноќ, а камерите го снимиле секој детал.
Спортскиот директор Џими Најџел Јакобсен зборуваше за инцидентот. Тој рече дека таквото однесување во никој случај не е прифатливо и дека скандалозните сцени што се случија на стадионот на Бран ќе имаат последици.
Конкретно прашан какви би биле последиците, Јакобсен одговори дека разговарале со сите играчи вклучени во недозволените дејствија и дека ќе ги трпат последиците во „оваа или онаа форма“.
Тој исто така рече дека е исклучително тешко да се казнат сите фудбалери бидејќи тоа практично би го исклучило целиот тим, а тоа е невозможно за нив во оваа ситуација.
Бран е последен на табелата во норвешкото првенство со седум бода по 14 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal