Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, упати огромни честитки до фудбалерите и стручниот штаб на македонската репрезентација, а има порака и до македонскиот народ. Радост нека има, но да се почитуваат и мерките за заштита од коронавирусот.
„Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат. Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот – спортски херои. Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медиумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани.
Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни. Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас.
Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои.
Се гледаме на Европско. Напред Македонија“, истакна Сејдини.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski