Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс Јунајтед одеднаш имаат нова мисија. Ќе играат за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Вечерва на „Иланд Роуд“ гостува Ливерпул, а тоа е еден од клубовите „одметници“, дури шест од Премиер – лигата, кои од следната сезона ќе играат во новоформираната Европска Суперлига.
Лидс Јунајтед во моментот е на десеттата позиција, а ако се одземат шесте клуба кои нема да се натпреваруваат во ЛШ, тогаш тимот на Алиоски е „четврти“ според новото рангирање за пласман во Лигата на шампионите. Оттаму сигурно ќе имаат и дополнителен мотив за да победат на вечерашната пресметка со Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













