„Сега е наше време“ е мотото на Фудбалската федерација на Македонија под која се реализираат и емисии со тематика наменета за плејоф натпреварот против Косово кој е закажан за в четврток (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Најнов гостин е Драги Канатларовски, прославениот македонски фудбалер и поранешен селектор на националниот тим. Тој вели дека искуството на Горан Пандев треба да биде клучниот момент кој ќе ја води Македонија до успех на дуелот со Косово, а потоа и во финалето од плејофот на Лигата на нации за пласман на Европското првенство.
„Се надевам дека искуството на Пандев ќе биде пресудно. Со него во тимот Македонија има карактер на победник, тој има акумулирано искуство од речиси две децении во италијанскиот фудбал и знае како се играат вакви мечеви. Се разбира, имаме квалитетен состав кој може да излезе како победник против Косово“, изјави меѓудругото Канатларовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













