Connect with us

Седлоски: Со фудбалер помалку дојдовме до важен триумф

Шкупи го совлада тимот на Академија Пандев со 2-1 во дербито на 19.коло од Првата фудбалска лига. Тренерот Гоце Седлоски е задоволен од триумфот на неговиот тим, потенцирајќи дека е остварен и со фудбалер помалку, откако поради два жолти картони беше исклучен Фаустин Сенгор.


„Најважно е што и со фудбалер помалку стигнавме до победата. Првите натпревари по големата пауза се секогаш непријатни. Игравме против силен тим, второпласираниот на табелата. Во првото полувреме не бев задоволен од тоа што го прикажа тимот, но како што одминуваше мечот бевме се подобри. Јасно е дека на новите фудбалери ќе ќе им биде потребно време за да се адаптираат“, изјави Седлоски по триумфот над Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови