Connect with us

Седлоски и Шкупи ќе му пркосат на Динамо Загреб на „Максимир“

Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) ќе излезе на мегдан на „Максимир“ против шампионот на Хрватска, Динамо Загреб, во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Шкупи важи за аутсајдер во пресметката, но тренерот Гоце Седлоски и неговите фудбалери немаат намера лесно да се предадат.

„Динамо Загреб е квалитетен тим, во составот има одлични фудбалери кои имаат и големо европско искуство, тука се и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Но, ние нема лесно да се предадеме, мотивирани сме максимално да покажеме се што знаеме на „Максимир“ и ќе се обидеме да извлечеме поволен резултат за реваншот“, вели шефот на стручниот штаб на Шкупи.

Хрватските медиуми најавуваат дека е неизвесен настапот на капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски. Тој заработил повреда на претходниот меч против Локомотива Загреб во хрватското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови