
Манчестер Сити и Интер синоќа ремизираа без голови во меч од првото коло од Лигата на шампионите на „Итихад“.
Тактичкото надмудрување помеѓу Пеп Гвардиола и Симоне Инзаги заврши без победник. Можеби Сити имаше повеќе зрели шанси за гол, но италијанскиот шампион покажа врвна игра во театарската атмосфера на „Итихад“.
Првично, критики за навивачите на Сити слушнавме од репортерот на „CBS Sports“, Петер Шмајхел, кому не му се допадна летаргијата на навивачите. Потоа, еден од актерите на дуелот, Хакан Чалханоглу, истакна дека домашниот терен не беше голема предност за Сити.
„Мислам дека сите очекуваа многу пожешка атмосфера, но навивачите беа многу тивки. Да игравме на ’Џузепе Меаца’, можевме да победиме. И во ваква атмосфера очекувавме повеќе“, истакна Турчинот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Бразил ќе го отпушти селекторот Доривал Жуниор

Евро-фудбал
Дани Алвеш ослободен од обвинението за силување
