
Шкупи е максимално подготвен за надигрување со португалскиот клуб Санта Клара. Во пресрет на утрешниот меч, пред новинарите зборуваа тренерот Гоце Седлоски и капитенот на клубот, Фатих Исмаили.
„Треба да бидеме трпеливи, да бидеме паметни и да одиграме квалитетен меч, сакаме да оствариме победа и да уживаме со нашите навивачи. Пред нас имаме многу силен противник, тие играат брз, агресивен и напаѓачки фудбал, но секако имаме и ние многу што да покажеме на утрешниот натпревар. Го анализиравме тимот на Санта Клара. Тие имаат одлични играчи, но резултатот ќе зависи од нашата игра“, вели тренерот, Гоце Седлоски.
Оптимист е и капитенот Фатих Исмаили.
„Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар. Играме против квалитетен тим. Но, велам уште еднаш, ние сме подготвени и веруваме дека утре, давајќи го максимумот, ќе оствариме позитивен резултат и ќе уживаме со нашите фанови“, изјави Исмаили.
Мечот меѓу Шкупи и Санта Клара од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, е закажан за утре со почеток во 20 часот, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
