Шкупи одигра 2-2 на „Максимир“ против Динамо Загреб, Гоце Седлоски не загуби против својот некогашен клуб. Тој се заблагодари за одличниот прием во Загреб, ги покани загрепчани да дојдат во Скопје на ќебапи, а реваншот ќе одлучи кој тим ќе се пласира во третото квалификациско коло во ЛШ.
„Сите мислеа дека ќе дојдеме во Загреб и ќе загубиме, сите знаеме кој е Динамо. Но, мојот тим го даде и последниот атом од силите. Имавме проблеми во Гибралтар, но денеска беше поинаку, затоа фудбалот е интересен. Сега имаме една недела да се подготвиме. Тие двајца што беа во тоа вечерно излегување играа и денеска и добро одиграа. Па, дојдете во Скопје, ќе јадеме ќебапи и ќе видиме кој ќе оди понатаму. Во Скопје ќе има полн стадион“, изјави Гоце Седлоски, малку и со шеговит тон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski