Шкупи на два чекори до освојување на титулата во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чаир и денеска славеше против Борец со 3-1, а фудбалерите со триумфот му го честитаа роденденот на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.
„Знаев дека нема да биде лесен натпревар, почнавме добро и го отворивме брзо резултатот, но потоа по контранапад примивме гол. Паузата ја искористивме да ги анализираме нашите грешки и на крајот дојдовме до победа против тим кој дојде да се брани. Фудбалерите дадоа максимум и сакам да им честитам честитам. Благодарност и до навивачите кои не бодреа во текот на целиот натпревар“, изјави Седлоски.
Во следното коло, Шкупи ќе му гостува на Пелистер во Битола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













