Германскиот бундеслигаш Штутгарт го продолжи договорот со тренерот Себастијан Хенес на уште три години. Феноменалната работа што ја изврши овој млад стручњак во никој случај не остана незабележана.
За него постои интерес и од Баерн Минхен, Хенес е на листата на кандидати за наследник на Томас Тухел, но Штутгарт не се откажува лесно од неговите услуги.
Хенес сега е под договор со Штутгарт до 2027 година, со претпоставка дека новиот договор најверојатно ќе вклучува откупна клаузула за него за да се осигура дека, доколку некој клуб го сака, „швабите“ ќе добијат соодветна отштета ова лето.
Хенес ги предводеше помладите категории на Баерн Минхен пред да го преземе Хофенхајм, а од 2022 година е на клупата на Штутгарт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













