Женскиот фудбалски тим на Арсенал избегнал страшен инцидент на аеродромот во Волфсбург, откако авионот се запалил додека се обидувал да полета. Нема повредени и сите се навреме евакуирани.
Во неделата, фудбалерките на лондонскиот клуб му гостуваа на Волфсбург во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Веднаш по натпреварот англиската делегација требаше да лета назад на Островот.
Кога се приближувал до пистата, еден од моторите на авионот се запалил. Пилотите брзо реагирале со застанување и брзо била извршена евакуација, по што пожарот бил изгаснат.
Од аеродромот за „Билд“ откриле дека причина за несреќата била птица која влегла во моторот.
Авионот за кој станува збор е на малтешка авиокомпанија и не е тој со кој лета машкиот тим на Арсенал.
Фудбалерките на „топчиите“ беа сместени во хотел и денеска безбедно се вратија во Лондон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













